„Блумберг“: Кина станува алтернатива на ММФ и традиционалните кредитори
Кина стана еден од најголемите кредитори на земјите во развој, пишува „Блумберг“ и додава дека Пекинг се обидува да ја постигне економската моќ што ја имаа Соединетите Американски Држави во текот на 20 век.
Како што се наведува, Кина ги користи огромните резерви на својата централна банка за да спаси одредени земји, на кои, со години им дава кредити.
Експертите ја нарекуваат таквата политика „нов глобален систем за прекугранично кредитирање на загрозените земји“. Народната банка на Кина станува се повлијателен кредитор во време на растечко ривалство меѓу двете суперсили.
Од 2016 до 2021 година, Кина додели околу 185 милијарди долари на земјите во развој кои имаат финансиски потешкотии кои дополнително беа погодени од пандемијата на коронавирусот. Тие 185 милијарди долари ги надминаа 144-те милијарди долари што ги уплати Меѓународниот монетарен фонд во истиот период, наведува „Блумберг“.
Поголемиот дел од помошта беше достапна преку кредитните линии на Народната банка на Кина, кои во суштина се заеми со ниски камати меѓу централните банки.