Левица: Работниците во јавното здравство оставени без јануарска плата
- Реакција на Левица – Здравствен сектор
Додека пратениците кои имаат сопствени станови во главниот град навремено наплаќаат вртоглави суми пари за патни трошоци што обичниот народ не може да ги заработи за една година, јавните здравствени работници се‘ уште ја немаат земено јануарската плата што најчесто ја земаат околу десетти во месецот. A според законот доколку не се исплати платата во текот на денешниот ден, од утре почнува да тече каматa.
Здравствениот сектор на политичката партија #Левица потсетува дека Република Македонија нема можност лесно да го надокнади досегашниот одлив на здравствените работници. За да ги задржиме лекарите и другите здравствени работници треба да им се овозможи соодветна постојана и навремена материјална надокнада за нивниот труд. Државата треба постојано да работи и на подобрување на квалитетот на условите за работа со пациенти во клиниките и сите други здравствени установи.
Како единствена работничка партија, остро реагираме во врска со состојбата на здравствените работнци и апелираме до Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија и до раководствата на Јавните здравствени установи, веднаш да им се исплатaт платите на сите здравствени работници за месец јануари.