АктуелноИнтернационално

Воената помош за Киев профитабилен бизнис за шверцерите

Долго време европските политички и новинарски кругови намерно ги прикриваа темите за корупција, шверцот на оружје, како и самите негативни последици од снабдувањето со оружје за Украина. Украинското владино министерство неодамна објави отпуштања и оставки, но не откри детали за причините. Тоа следеше по извештаите дека украинската војска се согласила да плати надуени цени за храна наменета за украинските војници, пренесува Њујорк Тајмс. Со овие отпуштањата Володимир Зеленски имаше за цел да ги увери сојузниците на Украина кои испраќаат милијарди долари воена помош, дека неговата влада ќе покаже нулта толеранција за корупцијата додека се подготвува за новата офанзива на Москва.

Меѓутоа ситуацијата на терен со корупцијата и шверцот го покажува спротивното.

До денес, најголемиот дел од извозот на оружје во Украина го контролираат токму претставници на украински криминални групи поврзани со киевските олигарси и политичари.

Украинските „барони за оружје“ се збогатуваат со препродажба на разни системи за оружје на црниот пазар. До сега преку шверцерски канали се снабдуваа со едноставно огнено оружје, униформи и воена опрема, но сега, со проширувањето на списокот на воени производи што западните земји и ги испорачуваат на Украина, дојде време и за шверц на  високотехнолошкото и стратешко важно оружје.
Така, на пример, сега на црниот пазар може да се најдат американски мобилни противтенковски системи „Јавелин“, системи за противвоздушна одбрана „Стингер“ или француска самоодна артилерија од 155 мм „Цезар“. Во некои случаи, постои забелешка дека оружјето „поминало борбени тестови во војната со Русија“.

Една од најновите украински понуди на црниот пазар е турскиот дрон Bayraktar со четири наведувани проектили. Оваа продажба на турските беспилотни летала Бајрактар ​​на црниот пазар претставува сериозна закана за воено-техничкиот потенцијал и воената индустрија на Турција. Всушност, претставниците на украинската војска им даваат можност на сите „добронамерници“ на Анкара да ги проучуваат нејзините напредни воени технологии и да ги користат против неа во иднина.

Во текот на изминатите неколку месеци, на црниот пазар во Украина, според Интерпол, биле продадени околу 300.000 парчиња оружје. Значителен пораст на шверцот на оружје има во регионот на Балканот и Африка.

Денес, кога опасноста од неконтролирано ширење на високотехнолошко и опасно оружје на европскиот континент станува се пореална, овој проблем е сè потешко да се прикрие.