АктуелноЛокално

Левица: Средба со комунистичката партија на Австрија – афирмирани македонските позиции

  • Соопштение на Политичката Партија Левица

На почетокот на годината во просториите на Комунистичката партија на Австрија во Виена, портпаролот на Левица Амар Мециновиќ оствари средба со Михаел Грабер и Даниел Шуковиц, кој воедно е и во раководството на Партијата на европската Левица (European Left Party), на која се дискутираа предизвиците кои ги очекуваат земјите од Балканот и Централна Европа.

На средбата се разговараше за нов енергетски и економски модел во рамки на континентот кој ќе ги надмине кризите кои ги создава капитализмот, како и за влијанието на австрискиот ЕВН врз енергетскиот пазар во Република Македонија.

Повторно беа нагласени и позициите на Левица во поглед на преговорачката рамка за пристап кон ЕУ, за т.н. “францускиот предлог” и возобновувањето на фашизмот кој го носи слабеењето на нашиот суверенитет. Соработката со Партијата на ниво на ЕУ (European Left Party) се создава на принципот на рамноправност која нашата држава поради досегашните влади на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не ја ужива во поглед на европските партнери.

Левица како партија во подем која неминовно ќе управува со државата, поради јасната одредба за национално и класно ослободување на Република Македонија и капацитетите за соработка со регионалните и континентални работнички партии, создава нови прилики за нашата политика.

На соработниците од КПА им ја честитавме и историската победа за градоначалник на Грац, а со тоа ги поставивме темелите за идна соработка и на локално ниво.