Во Бугарија (ЕУ) ниту на попис не можете да кажете дека сте Македонец

Заклучно со 7 септември 2021 година, бугарската етничка група сочинувала 5.118.494 или 84,6% од лицата кои одговориле на прашањето за етничката припадност. Во однос на 2011 година, учеството на оваа група е намалено за 0,2 процентни поени. Ова го покажуваат податоците на НСИ од последниот попис во Бугарија.

508.378 или 8,4% од испитаниците се изјасниле дека припаѓаат на турската етничка група. Нивното релативно учество е намалено за 0,4 процентни поени во однос на 2011 година.

266.720, или 4,4% од испитаниците, се самоидентификувале како трета по големина ромска етничка група. Релативното учество на населението од оваа етничка група е намалено за 0,5 процентни поени во однос на 2011 година.

79.006 лица или 1,3% се изјасниле дека припаѓаат на други етнички групи. 15.746 (0,3%) лица укажале дека не можат да се самоопределат. 63.767 лица, или 1,0% од испитаниците, не одговориле на која етничка група припаѓаат, избирајќи го одговорот „Не сакам да одговорам“

Од досега објавените податоци, како што и може да се забележи, нема процент на лица кои се самоопределуваат како Македонци, односно не е оставено ваква графа, па така Македонците се вкалкулирани во категоријата “други националности”.

Потсетуваме. во декември 1946 во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 160.541 лица, односно 70% се изјасниле како етнички Македонци.

Додека пак на пописот на населението во 1956 во Пиринска Македонија, од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63% од целокупното пиринско население. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии.