АктуелноЛокално

(Видео) Крајевски: Наместо задолжување на државата – оданочете ги банките

Во дебатната емисија на ТВ 24 гостуваше Јован Крајевски – член на Презедиумот на Политичката партија Левица. Главна тема во емисијата беа моменталните економски проблеми со кои се соочува Република Македонија.

Во прилог Ви ја пренесуваме репликата на Крајевски кон пратеникот Панчо Минов кој одби да одговори дали Владата ќе го поддржи анти-лихварскиот закон на Левица.

„Зошто наместо да го полните буџетот со задолжување, не ги оданочите банките? Стопанка Банка, Комерцијална Банка и НЛБ прават 100 милиони профит за девет месеци. Очигледно е дека го прават тој профит на наша мака. Левица поднесе и предлог-Закон за намалување на банкарските провизии и надоместоци, кој го нарековме анти-лихварски закон. Дали СДС ќе го поддржи тој закон?”