АктуелноЛокално

Левица: Ново велепредавство на повидок

Реакција на Политичката партија Левица

Денешната фарса, наречена ‘лидерска средба’, конечно ги обелодени испреплетените интереси на лажната опозиција и предавничката власт.

На иста маса се најдоа структурите кои три децении обединето ја водат Република Македонија кон статусот на ‘неуспешна држава’ која не може да ги исполнува основните функции на сопствениот суверенитет.

Дијалогот помеѓу лидерите кои ги добиваат своите задачи од ист извор – првично, ја поткопува демократија и се обидува да ја легитимира авторитарната власт, за потоа да створи привид на консензус – иако партиите заеднички одработуваат на штета на државата.

Имајќи ги предвид последните неколку години, станува јасно дека т.н. лидерски средби, заобиколувајќи ги институциите на политичкиот систем, израснаа во централна институција која ја крои субдината на македонскиот народ, далеку од неговите очи и спротивно на неговата волја. 

Лажната итност за исполнување на „европските услови“ е само увертира во широката предавничка коалиција, која предвремените парламентарни избори не ги смета за сходни за излез од политичката и државничка криза.

Оттука, Левица смета дека беспредметно е да се учествува на лидерска средба за прашања за кои македонскиот народ веќе го искажа својот став на референдумот за Преспанскиот договор како и со масовните протести против договорот со Бугарија, за кој во Собранито има и иницијатива за референдум кој власта го саботира.