АктуелноЛокално

Институциите против народот – Ограбениот имот на вработените во Стопанска Банка АД Скопје

  • Текст објавен од Координативно тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје

– За едни носталгија, за други никогаш простено –

Вработените на банката уште во 60-те години на минатиот век започнале да издвојуваат парични средства со кои биле изградени одморалишта, рекреативни центри и сл. Низ годините никнаа хотел Борик-Охрид, камп Јуовец-Берово, одморалишта во с. Врановци, во Маврови Анови, во Дојран. После трансформацијата на банката во АД во 1990, потребна беше законска основа за имотот да добие свој сопственик. Правната основа се создаде со Законот за банките и штедилниците во 1998год.

Активностите започнаа веднаш истата таа година 1998. Се направи проценка на имотот кој вредеше 1,5 мил. германски марки. Следеше домаќинско водење на целата постапка на чело со тогашниот генерален директор Љубомир Поповски. УО на банката во октомври 1999 донесе одлука за трансформација на општествениот капитал вложен во средствата на Фондот за заедничка потрошувачка (ФЗП). Предвидено беше формирање на ново акционерско друштво во кое ФПИО требаше да поседува 15% во форма на приоритетни акции, а остатокот на вработените кои требаше да купат обични акции со 50% попуст. На 5.11.1999 беше објавен и оглас во весникот Нова Македонија, со кој се повикуваа поранешните вработени да ги пријават своите побарувања. Се одеше како што треба, до доаѓањето на новиот газда – Националната Банка на Грција во 1999 година.

Дали измената на Законот за банки била нарачана, за да им се одземат одморалиштата на вработените?

На 30.11.1998 Љубчо Георгиевски стапи на должноста Премиер на РМ, и многу набргу ги прекина започнатите преговори со австриска Ерсте Банк. Се појавија (или беа пронајдени!?) нови заинтересирани купувачи од Грција! Државата им ја продаде Банката на грците во 1999г и тие веднаш се впуштија во потрага по најдобриот банкар во земјата. Каде, ако не од врвот на Народната банка!? Тогашниот заменик-гувернер Глигор Бишев многу не размислуваше, и веќе во 2000г стапи на позицијата генерален директор. Во земја во која грците ништо незнаат за правниот поредок, им требаше (нај)добар правник. Го најдоа: Јован Трпеноски (поранешен обвинител и член на првиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата од 2002г.). Триото Љубчо-Глигор-Јован веќе можеше да отсвири некоја “песна” за новите газди!

Започнатата постапка на ген. директор Љубомир Поповски тајно беше прекината. Иако имотот-одморалишта не беше на списокот на имот на Банката за кој грците платија, тие решија нивните вработени повеќе да не одмараат, туку САМО да работат. Како? Со одземање на одморалиштата!

Бидејќи Законот за банките не им одеше во прилог на грците за да ги запленат одморалиштата, најверојатно решија да го променат законот (или некој правник им даде идеја!?). Набргу се измени Законот за банки, при што се избриша членот што им беше во прилог на вработените, според кој тие можеа да станат сопственици на имотот-одморалишта. Ако некој повозрасен потврди дека од сите банки во државата само Стопанска Банка Скопје имаше одморалишта, кои како имот требаше да се трансформира и вработените да станат сопственици, тогаш со сигурност измената на Законот за банки била нарачана!?

Грците, “незнаејќи” за  измената во Законот за банки, набргу побараа стручно мислење од еден адвокат (Јован Трпеноски) што да прават со одморалиштата? Правниот совет стигна на 25.12.2001: “Нема законска можност одморалиштата да им припаднат на вработените, ТОЈ ИМОТ (МОЖЕ ДА) Е ВАШ!”. Датумот има симболика: на грчки Божиќ новите газди добија поклон (1,5 мил марки).

Во септември 2002г. УО донесе одлука за продажба на одморалиштата. За потсетување, во истата година 2002 адв. Јован Трпеноски стана член на првиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата, која уште во старт најверојатно заради “неискуството”, не успеа да разоткрие евентуална корупција при измената на Законот за банки. Веројатно целиот процес на подготовка за одземање на одморалиштата се одвиваше во најголема тајност, затоа што дури после 15 месеци од одлуката за продажба на одморалиштата (во меѓувреме можеби беа продадени), група пензионери во јануари 2004 испрати писмо до ген. дир. Глигор Бишев во кое му укажаа (извадоци од писмото):

Одморалиштата се создадени со труд на вработените и тие средства се надвор од билансот на Банката (н.з. кутрите незнаеле дека им се веќе конфисковани). Започната е постапка за да се одреди титулар на сопственоста врз одморалиштата. Знаете  дека со продажбата на банката на грчката банка одморалиштата не се опфатени.

Знаеме дека менаџерскиот тим, составен од грчки државјани, презел активности да докажува дека одморалиштата не се на вработените (н.з. пензионерите не ни помислиле дека може закон да се промени) и дека побара стручно мислење од Јован Трпеноски. Нема да го коментираме неговото стручно мислење! Како може Банката да бара стручна помош од други лица (н.з. Ј. Трпеноски) покрај толку банкарско-финансиски-правни стручни лица?

Постапката е сеуште во тек. Но, Аг. за приватизација не е доволно ажурна (н.з. или се влијаело да е таква?). Банката нема активна легитимација да ги продава одморалиштата.

ПРОСТО Н’Е ЧУДИ КАКО МОЖЕ БАНКАТА ДА СЕ ВПУШТА ВО НЕЗАКОНСКИ ДЕЈСТВИЈА! Се обративме до Јавниот правобранител и др. институции, а само Нар. правобранител ни одговори.”

Група пензионирани работници: Зико Зиков, Павле Стеваноски, Ристо Димовски,

Велко Стојчев, Крсте Крстески, Драгољуб Коцев, Видое Павлески

Тогаш нити Владата,  нити Јавниот правобранител се впуштија во расчистување на случајот. Аг. за приватизација се обрати писмено до Јавниот правобранител, кој најверојатно не презел ништо и епилогот е познат: одморалиштата ги продаде новиот грчки газда, иако за нив не платил ниту денар, а парите никој не знае каде завршија.

Денес! Во изминатите 4 години грците се обидуваат да ги одземат правата на над 3600 акционери со приоритетни акции. Ова засега е само обид за грабеж, кој лесно може да стане втор. Во тоа им помагаат, што е повеќе од јасно, Владата, судовите, Народната банка и КХВ, и последна во списокот се придодаде ДКСК со непостапувањето по пријавата против челните луѓе на НБ и на Дирекцијата за супервизија при НБ.

Третиот грабеж, кој го подготвуваат грците треба да се случи преку конверзијата на приоритетните акции кои денес вредат 91 мил. денари, а треба да бидат скратени за околу 30-50%. На ова реагиравме кај надлежните регулаторни тела НБ и КХВ кои усно имаат изјавено дека тоа не може да се случи и нема да го дозволат, за да сега официјално ни одговорат “не сме надлежни”.

За крај, сакаме да испратиме апел до акционерите:

“Да застанеме на иста страна и да се бориме за правата од приоритетни акции. Така сплотени во борбата, не само што ќе победиме, туку придобивката за секоја акција ќе биде далеку поголема од радоста што ќе ја донеси еднократната конверзија. ВЕРУВАЈТЕ! Се охрабруваат сите акционерите, да веруваат дека законите нема да се променат и дека нема да затаи правниот поредок во земјата при расчистување на правата од приоритетни акции. Но, потребно е сите да се бориме или да даваме поддршка на борбата. ВТОР И ТРЕТ ГРАБЕЖ НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА ИМА! ПРВ ПАТ МОЖЕ САМО НЕКОЈ ДА СЕ КАЕ!”

Испраќаме апел и до Владата, Врховниот суд, Народната Банка и КХВ, до кои Банката на 21.01.2021 испрати заплашувачко писмо :

“Банката во писмото до вас изнесе многу невистини, а одредени состојби прикри, а вие бланко `и поверувавте. Банката се постави над правниот поредок на државата. Не ја поткопувајте независноста на судската власт! Дозволете да владее правото, што е темелна вредност на уставниот поредок. Недозволувајте да ја кодошиме државата пред меѓународната заедница заради невладеење на правото! Затоа, бараме да ги повлечете сите притисоци што во изминатиов период ги упативте до судовите!

И, не се плашете од најавата на Банката дека ќе ја тужи државата. Ќе `и биде срам тоа да го направи, оти тој срам ќе биде меѓународен и поголем од срамот ако сега признае оти греши.”