НР Кина ги отпиша кредитните долгови на 17 африкански држави
НР Кина отпиша 23 кредитни заеми без камата на 17 африкански земји. Ова не е прва ваква пракса, претходно тие отпишаа долг од 3,4 милијарди долари и реструктуираше долг од 15 милијарди долари за периодот од 2000 до 2019 година за повеќе африкански држави.
За во иднина Пекинг вети повеќе инфраструктурни проекти и понуди поволни трговски договори по моделот на „заемно – корисна соработка“.
Додека Пекинг има историја на простување на ваквите заеми, владите од Западот изнесоа неосновани, политички мотивирани обвинувања дека НР Кина ги користи заемите како замка за земјите од глобалниот југ.
На 18 август, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји одржа состанок со лидерите на различни африкански земји и на Африканската унија.
На конференцијата, Ванг го осуди „менталитетот на Студената војна“ на Западот. Наместо тоа, тој предложи модел заснован на „повеќепартиска соработка“ со Африка што дава „победнички резултати“ за сите страни.
„Она што Африка би го поздравила е заемно корисна соработка за поголема благосостојба на луѓето, а не ривалство меѓу големите земји за геополитички придобивки“, рече министер за надворешни работи Ванг Ји.
Тој откри дека Пекинг ќе ја поддржи Африканската унија во нејзините напори да се приклучи на Г20.
Пекинг вети дека ќе ја зајакне трговијата со Африка и ќе склучи договори со 12 земји за намалување на царините за 98% од производите што ги извезуваат во НР Кина, со што ќе овозможи африканските стоки ќе бидат поконкурентни на кинескиот пазар.
Ванг додаде дека Пекинг ќе продолжи да обезбедува храна, економска и воена помош за Африка. Истакнувајќи ја важноста на „развојната соработка“, НР Кина понуди милијарди долари инвестиции во инфраструктурни проекти како „моќен поттик за процесот на индустријализација на Африка“.
Африка игра важна улога во иницијативата „Појас и пат“, глобален инфраструктурен проект кој има за цел да го поврзе глобалниот југ и да го префрли центарот на светската економија назад кон исток.
„Соочени со различни форми на хегемонија и малтретирање, НР Кина и африканските земји застанаа рамо до рамо“, нагласи Ванг, повикувајќи на „зачувување на меѓународната правичност и правда“.