АктуелноЛокално

Нова бугарска пропаганда во Македонија: Стипендија по 30 евра месечно за секое дете што ќе сака да го учи бугарскиот јазик

Триесет евра месечно за секое дете што ќе го изучува бугарскиот литературен јазик, е новиот проект на бугарската „Фондација Македонија“.

„Фондацијата Македонија ќе му понуди на секое дете од Македонија и Србија месечна стипендија од 30 евра, доколку студира литературен бугарски јазик“ , напишаа од фондацијата на социјалните мрежи.

Засега нема информации кога, каде и како би почнале курсевите, но во извештајот на Фондацијата стои дека тие веќе формирале училиште и спроведуваат настава.

-„Фондација Македонија формираше училиште на бугарски литературен јазик со име: Бугарско онлајн училиште „Св. Наум Преславски“ со 95 ученици од Македонија на првиот час.“ – Пишува во извештајот на „Фондација Македонија“.

Освен во Македонија „Фондација Македонија“ тврди дека има образовни активности и во Голо Брдо во Албанија и во Гора на Косово.

За тоа, дали кај нас се спроведува образовна дејсност на бугарски литературен јазик, дали има регистрирано училиште под името „Св. Наум Преславски“ и дали странски образовни институции е дозволено да вршат образовна дејност на нашата територија онлјан, односно преку интернет, без одобрение на нашите надлежни институции – прашавме во министерството за образование и наука, од каде велат, училиште под тоа име кај нас нема, но, без одговор на другите прашања.

„Воспитно – образовниот процес се организира во општински и државни основни и средни училишта, како и приватни средни училишта. Помеѓу нив не постои училиште со назив каков што посочувате.“ – велат од министерството за образование и наука.

Од фондацијата велат дека од нивното формирање досега изминале 40.000 километри низ македонските градови и села, да делат и разнесуваат бугарски книги. Тврдат дека досега поделиле 50 тома литература, а имаа за цел од Бугарија да донесат во Македонија дури 10.000 тома.

Во меѓувреме, Комитетот за политики за Бугарите во странство годинава повторно ја зголеми финансиската помош – одобри нови 400.000 евра за поддршка на организациите на бугарските заедници во Албанија, Србија, Косово, Молдавија и граѓаните на Македонија со бугарски идентитет.

Текстот е преземен од infomax.mk