За носителот на советничката листа од ДУИ во Тетово не се важни недостигот на вода за пиење и патиштата, туку ЕУ- насоката на РМ
Спроти локалните избори за Совет во Општина Тетово закажани за 20 ти август, за носителот на советничката листа од ДУИ, Фатон Ахмети, не е важен недостигот на вода, колку што е важна ориентацијата на земјата по европскиот пат. Ваквата изјава ја даде носителот на советничката листа од ДУИ во дебатната емисија ‘‘Клик плус‘‘ на ТВ 21.
Во текот на емисијата, водителот и другите учесници потенцираа дека сепак, во оваа емисија на тема се локални избори и локални проблеми, и треба да се зборува за дупките на патиштата, за недостигот за вода за пиење, односно дека не можеме да влеземе во ЕУ кога треба да се решаваат суштински проблеми.
Во врска со овие забелешки Фатон Ахмети дрско возврати: „Не се важни патот, водата, кога главата ви е од Русија. Бидејќи, вие не знаете, немате јасна перспектива што ќе се случи со државата и со нејзината перспектива. Загрозена е безбедноста на државата.‘‘