АктуелноЛокално

Цело лето Штип без вода – водоводот со секојдневни дефекти

  • Реакција на Левица – ЛО Штип

По којзнае кој пат, Штип е без вода за пиење, без вода за техничка употреба. Во најтоплите денови од почетокот на летото, со плус 40 степени целзиусови, Штипјани се оставени сами на себе, како знаат и умеат да се снаоѓаат и снабдуваат со вода за пиење.

Од Локалниот огранок на Левица – Штип прашуваме:

– Зошто се зачестени ваквите „дефекти“ токму во текот на летото?

– Зошто и покрај најавите дека вода на одредени локации ќе нема, уште веднаш не се излезе со цистерни, со цел да се обезбеди вода за „погодените“ населби каде што ќе биде стопирано водоснабдувањето?

– До кога ќе се менаџира вака јавното претпријатие?

– Каде ви се водоводџиите и луѓето што си ја разбираат работата или имате повеќе шефови од работници?

– Зошто на раководни функции се оставени лица коишто се видно неспособни да менаџираат со претпријатија од витално значење за еден современ град?

Бараме одговори на сите овие прашања од надлежните лица!

Доколку вршителот на должност, Директор на ЈП „Исар“ продолжи со вака неодговорното и неспособно менаџирање на претпријатието, од Локалниот огранок на Левица бараме негово разрешување или неотповиклива оставка!

Како решение за ублажување на овие неподносливости што ги трпат граѓаните, од ЛО Левица – Штип бараме и иницираме и воведување на т.н. ,,пенали” кои ќе им бидат исплаќани на граѓаните преку намалување на цената што ја плаќаат за водоснабдување за секој ден кога истото би било прекинато!

Неспособноста со менаџирање на волку витално претпријатие кое ги снабдува граѓаните со вода, извор на живот, не смее да остане неказнето! Особено во деновите кога е најтопло и сите стручни лица алармираат секој од нас постојано да има пристап до чиста вода за пиење и разладување!