Исмаил: Бадентер контрадикција – тиранија на малцинството
- Фејсбук статус на Реџеп Исмаил (Хактан) – Член на Президиумот на Левица
Институцијата „бадентер“, како производ на Охридскиот рамковен договор (читај стратешкото партнерство со НАТО – САД и ЕУ), која предвидува механизам, кој, при одлучувањето ќе ги заштити малцинските групи од волјата на мнозинството, во македонски услови, за краток период стана алатка за тиранија на малцинството врз мнозинството.
Нормално, при сервирање на ОРД, ни рекоа дека ова е „клучот“ за подобрување на меѓуетничките односи, но во пракса се покажа дека тоа воопшто не е така. Меѓуетнички тензии станаа алатка за закана и уцена во спроведување на сите анти-македонски политики – без разлика дали се работело за нешто од интерес на албанците или од интерес на некој од центрите на колективниот Запад.
Токму поради ова јас сум против консоцијални политички системи, тие не ја интегираат нацијата, напротив, се случува нејзино целосно дезинтегрирање – денес сме сведоци на тотално дезинтегрирана македонска нација каде албанскиот етникум воопшто не е И не сака да биде дел од нацијата. Напротив, неговата политичка поставеност дури и е тотално анти-македонската нација.
Доказ за тоа е фактот што колективот на албанци во Македонија целосно ги има отврлено и заборавено партизанските вредности (Неџат Аголи, Ибе Паликуќа) а се слават фашистичките вредности и нивните соработници (Џемо Хаса, Мефаил, Хасан Приштина…). И оттука, зборувајќи во рамки на категориите кои се определени во нашиот политички систем, сакам да укажам на опасноста дека тиранијата на малцинството ги загрозува и ги предизвикува меѓуетничките омрази и тензии – создава плодна почва за нив.
Пазете каква небулозна состојба се раѓа кога одредени политички прашања – кои не само што немаат врска со малцинските права (правата на албанците) туку напротив, тие се директно на штета на македонскиот народ – албанските партии во Македонија овие прашања ги прогласуваат како врвен интерес на албанското малцинство?! Па така се што е против таквите политики бива прогласено за албанофобично, националистичко и ксенофобично.
Ова беше случај со Преспанскиот договор, тогаш сите албански партии ги впрегнаа своите пратеници, без разлика дали се во Влада или не, гласаа за промена на името на државата. А македонците со право се почувствуваа предадени – како да им беше забиен нож во грбот. Принципот на бадентер не важеше за нив, доволни беа една третина квислинзи и евро-атланстки фундаменталисти на и околу СДСМ, и секако, неколку корумпирани пратеници од ДПМНЕ, за да помине одлука која е директен удар врз македонкиот народ. Да не заборавиме, на референдум одлука не се донесе, тоа дополнително ја делегитимира оваа одлука, и оттука истата е неодржлива.
По се изгледа дека истото ќе се случува и сега со присилното шверцување на протоколов со кој сето она што се однесува на македонскиот народ ќе падне под диктат на Бугарија – класична бугаризација на Макеоднија онаква за каква сонуваа при окупацијата на Македонија во Втората светска војна.
Албанските партии, прифаќањето на протоколов, кој е на директна штета на македонскиот народ и неговиот идентитет, повторно си прогласија за свој малцински интерес, и сега во театарот кој се спрема во Собранието, предлогот нема да има поддршка ниту од третина од пратениците кои се македонци, а ќе биде поддржан од сите пратеници албанци. Тоа ќе биде уште еден удар врз македонскиот народ заради интерес на трети страни, практично, анти-македонскиот интерес на Бугарија ќе биде легитимиран со помош на албаците во Македонија.
После ова, јас навистина не знам како може некој да очекува дека меѓуетничките односи ќе се нормализираат воопшто?! Баш ме интересира како нашата интелектуална авангарда која целосно е во скутот на Власта, мисли дека може нормално да продолжи да функционира македонското општество..?