Ленка: Идејата за окупација на Македонија и нејзино присоединување кон Бугарија е во сржта на бугарскиот фашизам
Движењето за социјална правда – ЛЕНКА на социјалните мрежи излезе со реакција по повод најновите скандалозни случувања во бугарскиот парламент каде што бугарски пратеник на говорница јавно истакна дека Македонија ќе биде дел од Бугарија. Ви го пренесуваме ставот на Ленка во продолжение:
Како во најмрачните времиња на фашизмот, од бугарското собрание денес се слушна повторно истата порака: Бугарија треба да се бори да ја припои Македонија во една заедничка држава!Во име на оваа парола, бугарските фашисти во Втора светска војна масакарираа, убиваа, силуваа и мачеа Македонци!
Идејата за окупација на Македонија и нејзино присоединување кон Бугарија е во сржта на бугарскиот фашизам! Сето ова денес со директно одобрение на ЕУ, кои ги вметнаа сите шовинизми на Бугарија во преговарачка рамка.
Ова е лицето на Европска унија, ова се европските вредности, ова е единствената алтернатива која ни се нуди 30 години!
- Стои во реакцијата на Движењето за социјална правда – ЛЕНКА.