АктуелноЛокалноНастани

Делегација на Левица положи свежо цвеќе во Ваташа

Денес, претседателот на Левица – Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Борислав Крмов и членовите на Президиумот – Бранко Ристов и Јована Мојсоска, положија свежо цвеќе на паметникот на 12 младинци, кои на денешен ден во 1943 година беа сурово стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.

Заедно со членови на локалниот огранок и членови на Црвена Младина, се сеќаваме на загинатите во НОВ, со посета на Спомен-костурницата во Кавадарци и Паметникот на 12 другари во близина на Ваташа.

Ваташкиот масакр е еден од најкрвавите и најбруталните злосторства извршени од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

КРВОПИС Е И ВАТАША!

Вечни да се: Перо Видев (15), Ванчо Гурев (19), Данко Давков (18), Илија Димов (18), Ристо Ѓондев (18), Блаже Ицев (20), Пане Мешков (18), Герасим Матаков (18), Ферчо Попѓорѓиев (26), Васо Хаџиjорданов (28), Диме Чекоров (20) и Пане Џунов (18).