Левица: Со усвоените амандамни ЕУ го поддржа шовинизмот на Бугарија
На 19-ти мај, Европскиот парламент со 508 гласа ЗА и 56 ПРОТИВ го изгласаа Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот и бугарскиот европратеник, во кој се сочинети контроверзните амандмани 75-б, 79 и 80, кои се во директен конфликт со европските вредности.
Првите два амандмани се директен пробугарски притисок врз процесот на преговори, додека амандманот 80 е во противречност со извештајот на Европската комисија за 2021 година, а се однесува на забелешката дека нема напредок во имплементацијата на Договорот за добрососедство.
За двојните аршини на ЕУ говори фактот што минатата година, изгласаниот извештај се усвои без амандманите кои ја осудуваат провокативната реторика на официјална Софија кон Република Македонија.
Никогаш како до сега, за осуда е однесувањето на Европската Унија како федерална целина, како и на политичките структури во Европскиот парламент, кое ја дозволува и охрабрува шовинистичката реторика, дипломатија и блокирање, кое е со цел за угнетување на македонските државни конституентни елементи.
Повелбата на Обединетите Нации посочува дека сите народи имаат право на самоопределување и слободно ја бираат својата судбина. Во овој момент, една од членките на Европската Унија ги користи бирократските механизми за спроведување на својата надворешна политика. Навидум, надворешната политика на ЕУ во целост зависи од определбата на државите – членки, и затоа, ако крајната цел на унијата е бирократизиран континент, тогаш низ инструментите кои ги остава на располагање, сега знаеме, дека земјите – членки можат да угнетуваат земји кои не се членки на ЕУ.
Но, повеќегодишното гласање на амандмани кои се необјективни и шовинистички, ни укажува дека сепак постои обединета тенденција на политиките на државите, кои меѓусебно за своите поединечни апетити се поддржуваат. Разочарувачки, е тоа што нашата европска цел, објективно произлегува од желбата на граѓаните за стабилизација на постојаната кризна состојба во која се наоѓа државата, како и сопирање на чудовиштето на корупцијата кое е создадено за време на транзицијата.
Додека нашата насока е кон Европската Унија, доволно беше бугарскиот државен врв да постави колец во наш правец, кој се подлабоко навлегува во нашето внатрешно ткиво, што поблиску се приближуваме кон прегратката на европското семејство.
Република Македонија, нема што повеќе да понуди, ниту да стигне до дополнителни компромиси. Нашето општо добро расположение кон европскиот сон во изминатите две децении, независно од неспособните влади на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ и нивните корупциски машини и неспособна надворешна политика, се должеше на поривот на политичката култура за демократизација на општеството, кое го заврзаа спрегите на големите партии и го втурнаа во авторитарни политички режими и експлоататорски економски модел.
Република Македонија, нема што повеќе да понуди, ниту да стигне до дополнителни компромиси. Нашето општо добро расположение кон европскиот сон во изминатите две децении, независно од неспособните влади на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ и нивните корупциски машини и неспособна надворешна политика, се должеше на поривот на политичката култура за демократизација на општеството, кое го заврзаа спрегите на големите партии и го втурнаа во авторитарни политички режими и експлоататорски економски модел.
Дополнително, не се само преговорите за членување во Европската Унија во прашање, туку и реставрацијата и растечкото присуство на нео-фашистички елементи во државата, кои се надополнуваат во низа со одминување на времето во кое преговараме за сопствениот идентитет и ревизија на историја.