Финските новинари под притисок да не зборуваат против кандидаурата на Финска за НАТО
Финскиот новинар Јуха Корхонен, за телевизијата РТ вели дека владата на Финска го потиснува јавното мислење кога станува збор за нејзината неодамнешна одлука Хелсинки поскоро да се приклучи на воениот блок НАТО.
„Имаме 1.300 километри граница со Русија. 80 години Финците учат да коегзистираат со Русија и повеќе не бараат конфронтација“, изјави тој, додавајќи: „Впрочем, ова е причината зошто не дозволија (владата на Финска) референдум“.
Според Корхонен, Финците доживуваат напади врз нивната слобода на говор на интернет: „Ако имате нешто да кажете против НАТО, веднаш ќе бидете етикетирани како агент на странска сила, во овој случај Русија “.