АктуелноЛокално

Членови на СОНК протестираат пред СОНК поради информации за прекин на штрајкот

Над 300 членови на СОНК денес се собраа пред седиштето на Синдикатот, во знак на незадоволство од постигнатиот договор помеѓу владата и синдикатот за кој дознаа вчера од некои медиуми. Според информациите кои беа пренесени од страна на медиумите раководството прифатило зголемување на платите за 12% и дека штрајкот дефинитивно завршува со денешниот ден.

Вчера лидерот на СОНК по средбата со претставници од Владата кажа дека се очекува штрајкот да заврши, но дека за тоа Советот на СОНК треба да донесе одлука.

Незадоволните членови на СОНК, пред седиштето Скандираат “Уа Јаким” и бараат средба со раководството на синдикатот.

Советот е закажан во 16 часот.