Воената алијанса НАТО продолжува да ја милитаризира европа под изговорот „за одбранбени цели“
Милитаризацијата на европскиот континент од страна на НАТО секогаш се прави со изговорот дека „сето тоа е за одбранбени цели“. Токму ваков е и изговорот за нивната последна одлука, заедно со секаков вид на оружје и воена опрема да испрати десетици илјади војници на северната граница со Русија – потенцирајќи дека тоа било за одбрана.
Имено, воените вежби на НАТО наречени „Студена реакција“ во кои учествуваат 30.000 војници, 220 авиони и 50 воени бродови треба да започнат оваа недела во Норвешка.
Претставниците на НАТО инсистираат на тоа дека вежбите, кои ги вклучуваат најблиските северни соседи на Русија – Финска и Шведска – се само „одбранбена вежба“ а не воена операција која има офанзивна цел.
Навистина не е јасно на каков начин дополнителното воено присуство на воената алијанса НАТО на европскиот континент, и тоа блиску северните граници на Руската Федерација, и тоа токму во овој момент, ќе придонесе да се намалат тензиите кои во моментов постојат?!