АктуелноЛокално

Наместо за невладината „Хера“, Левица издејствува пренамена на средствата за жртвите од семејно насилство во Општина Карпош

Комисијата за еднакви можности во рамки на Советот на Општина Kарпош, вчера заседаваше по однос на предлог програмата за 2022 година. Советникот од редовите на Левица, Ивана Стоименовска, која патем е и претседател на истата оваа комисија, информираше дека Левица издејствувала спроведување на некои од приоритетите од програмата.

Како претседател на комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Советот на Општина Карпош и краткото време со кое располагам до сега со мојот нов мандат, за текот на наредната година успеав да издејствувам две главни приоритетни задачи кои се во согласност на програмата на Левица.“

Советничката соопшти дека на комисијата успешно поминала идејата да се намалат активностите предвидени со невладините организации, пред се со организацијата Хера и бидет отпочнати нови активности за заживување на Шелтер центарот за заштита на жртви од семејно насилство.

Конечно невладините организации и конкретно Хера, нема да партиципираат во активностите со цел да се избегнат непотребни трошења на средства за активности кои постојат само на хартија. Приоритетна активност за нареднава година ќе биде во доменот на семејно насилство и конкретно отварање на можност за повторно заживување на Шалтер центарот за жртви од семејно насилство на територијата на Општина Карпош, за кој од службите имаме сознанија дека порано солидно функционирал.

Седницата на Советот каде се очекува да биде изгласана и усвоена оваа програма е закажана за денес.