ЕТА го одзема мандатот на фашистичкиот премиер на Шпанија, илустрирано
На 20 декември 1973 година, Луис Кареро Бланко, фашистичкиот премиер на Шпанија, кој лично беше избран од Франко за наследник, беше убиен од бомба поставена од страна на ЕТА.
Елиминацијата на премиерот Бланко, позната и како “Операција Орка”, се смета за најголемиот напад врз фашистичкиот режим од крајот на Шпанската граѓанска војна од 1939 година до тогаш.
Баскиските сепаратисти ја имаат спремано оваа акција 5 месеци, копајќи тунел под улицата на која Бланко редовно поминувал на пат кон миса. Тунелот потоа е пополнет со 80 кг експлозив. Експлозијата била толку моќна што успеала да го крене автомобилот дури 20 метри во воздух, летајќи преку црква и слетувајќи на втор кат од спротивната страна. Бланко првично ја преживува експлозијата, меѓутоа подлегнува на повредите во Болница.
Последиците од овој настан се далекусежни за шпанската политичка сцена, забрзувајќи го процесот на демократизација.