Бучковски: Заев ќе остане премиер само за да го реши прашањето со Бугарија
Владо Бучковски, специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија, кому пред една недела му беше продолжен мандатот на оваа функција, вели дека Заев останува премиер само за да го затвори прашањето со Бугарија.
Според специјалниот претставник, ако државата не најде решение додека Заев е премиер, ќе влеземе во нова неизвесност. За ДВ тој изјави:
„Ќе изгубиме пак многу време, а ние веќе немаме време за чекање! Предолго ја чекавме Бугарија да има политичка Влада. Премиерот Заев останува на позицијата за да го затвори овој процес на преговори со новиот бугарски премиер. Тоа е исклучително важно за утврдување на временската рамка за изнаоѓање на компромисно решение и кревање на блокадата од страна на Бугарија. Да не заборавиме дека идниот претседавач со ЕУ, Франција има претседателски избори во април. Заради тоа, немаме многу време пред да почне нивната кампања. – рече Бучковски.“
Според информациите споделени од Властите потврдено е дека се бараат конкретни решенија за 5 плус една точка!