Напуштањето на Авганистан е лекција за Тајван
Додека Западот уште се пакува во Авганистан, кинескиот Глобал тајмс во едиторијал му порачува на Тајван дека поуката што треба да ја извади од Авганистан е дека кога ќе избие војна во теснецот, одбраната на островот ќе колабира за неколку часа, а американската војска нема да дојде да помогне.
Повлекувањето на американските сили од Авганистан доведе до рапидно распаѓање на владата во Кабул. Светот беше сведок како САД ги евакуираше своите дипломати со хеликоптер додека талибанските војници ја преполнија претседателската палата во Кабул. Ова зададе тежок удар на кредибилитетот и сигурноста на САД.
Голем број луѓе не можат да се воздржат од присетување како заврши Виетнамската војна во 1975: САД ги напушти своите сојузници во Јужен Виетнам; Сајгон беше освоен, а САД ги евакуираше речиси сите свои државјани од градот. И во 2019, американските сили нагло се повлекоа од северна Сирија и ги напуштија своите сојузници, Курдите. Некои историчари исто така нагласуваат дека напуштањето на сојузниците за да се заштитат американските интереси е вродена грешка која е длабоко вкоренета во САД уште од основањето на земјата. За време на Американската војна за независност, САД понизно го молеше кралот на Франција, Луј XVI, да им биде сојузник. По војната, тие унилатерално се помирија со Британија и склучија мировен договор кој беше штетен за француските интереси. Ова ја стави власта на Луј XVI во тешка позиција и беше една од причините за Француската револуција.
Начинот на кој Вашингтон го напушти режимот во Кабул посебно потресе некои во Азија, вклучувајќи го и островот Тајван. Тајван е регион кој најмногу од цела Азија зависи од заштитата од САД, а тамошните власти од Демократската прогресивна партија, се повеќе и повеќе прават Тајван да оди по оваа абнормална патека. Ситуацијата во Авганистан одеднаш доживеа радикална промена кога земјата беше напуштена од САД. А Вашингтон едноставно си замина и покрај се полошата ситуација во Кабул. Дали ова е еден вид лош предзнак за идната судбина на Тајван?
Цај Ингвен (претседателката на Тајван), која испрати порака со сочувство до американскиот претседател по смртта на неговото куче, не спомна ниту збор за промената на ситуацијата во Авганистан. Други политичари на ДПП како и медиумите наклонети кон партијата, исто така ја разводенија шокантната промена. Меѓутоа тие сигурно беа нервозни и имаа злокобно претчувство. Тие сигурно тајно знаеја дека не можат да се потпрат на САД.
Геополитичката вредност на Авганистан не е ништо помала од таа на островот Тајван. Околу Авганистан се наоѓаат трите најголеми геополитички ривали на САД – Кина, Русија и Иран. Дополнително, Авганистан е бастионот на анти-САД идеологијата. Повлекувањето на американските сили од таму не е затоа што Авганистан не е важен. Повлекувањето е затоа што стана премногу скапо за Вашингтон да има присуство во земјата. Сега САД сакаат да најдат подобар начин за искористување на своите ресурси за одржување на хегемонијата во светот.
Тајван веројатно е најисплатливиот американски сојузник во Источна Азија. На островот Тајван нема воено присуство на САД. Начинот на кој САД го одржува сојузништвото со Тајван е едноставен: тие му продаваат оружје на Тајван додека во исто време ги поттикнуваат функционерите на ДПП да водат политики против копнена Кина преку политичка поддршка и манипулација. Како резултат на ова, дојдено е до одредено ниво на исцрпување меѓу двете страни на Тајванскиот теснец. А се што Вашингтон треба да направи е од време на време да испрати воени бродови и авијација во близина на Теснецот. Генерално, САД не мора да потроши ниту пени на Тајван. Наместо тоа, тие заработуваат од продажбата на оружје и присилната продажба на свинско и говедско месо на островот. Ова е тотално профитабилна геополитичка зделка за Вашингтон.
Кога ќе избие војна во Теснецот и додека копнена Кина со сила го освојува островот, САД ќе мораат да имаат далеку поголема одлучност отколку што имаа за Авганистан, Сирија или Виетнам ако сакаат да се вмешаат. Воената интервенција на САД ќе биде со цел да се смени статус-кво во Тајванскиот теснец, и заради ова Вашингтон ќе треба да плати голема цена наместо да заработува профит.
Некои луѓе на островот Тајван тврдат дека островот е поразличен од Авганистан, и дека САД нема да ги остави сами. И навистина островот е поразличен од Авганистан. Меѓутоа разликата е што има многу подлабока безнадежност за победа на САД доколку се вклучи во војната во Теснецот. Таква војна ќе значи незамислива цена за САД, пред која таканаречената специјална важност на Тајван нема да биде ништо повеќе од оптимистичка фантазија на властите на ДПП и сецесионистичките сили на островот.
Во изминатите две децении, владата во Кабул чинеше над 2.000 американски војници и 2 илјади милијарди долари. Меѓутоа колку животи на американски војници и колку долари САД би жртвувал за островот Тајван? Сепак, САД признава дека „има само една Кина и дека Тајван е дел од Кина.“ Дали САД ќе добијат повеќе поддршка одвнатре и од Западот ако се бори за отцепувањето на Тајван, отколку што доби за време на Авганистанската војна?
Властите од ДПП треба да бидат трезвени, и сецесионистичките сили треба да се потрудат да се разбудат од својот сон. Од тоа што се случи во Авганистан, тие треба да сфатат дека кога ќе избие војна во Теснецот, одбраната на островот ќе колабира во рок од неколку часови а американската армија нема да дојде на помош. Како резултат на ова, властите од ДПП брзо ќе се предадат, додека одредени високи функционери може ќе избегаат со авион.
Најдобар избор за ДПП е да избегне да ја дотера ситуацијата до таа позиција. Тие треба да го променат својот правец на врзување на анти копнена Кина возот на САД. Тие треба да гледаат да го одржуваат мирот во Теснецот со политички средства, наместо да делуваат како стратешки пиони на САД и да ги сносат горките последици од војната.
Извор: https://off.net.mk/