Библиотека

„Не сум јас виновен”

Не сум јас виновен што му ги вадеа органите.

Јас само преведував.

Не сум јас виновен што нема противпожарна опрема.

Јас само купував службени возила.

Не сум јас виновен што нема добар клинички центар.

Јас само купував америчка воена опрема.

Не сум јас виновен за криминалната приватизација.

Јас само го напишав законот.

Ниту пак јас сум виновен,јас само го спроведов законот.

Не сум јас виновен што има клиентелизам.

Јас само гласав за партиско вработување.

Не сум јас виновен што има корупција.

Јас само финансирав за да ми дадат тендери.

Не сум јас виновен за урбаниот хаос.

Јас финансирав кампања за да ми помине ДУП.

Не сум јас виновен што касата е празна.Јас само купував гласови.

Не сум јас виновен.

Заслужен сум јас.

И награда ми следува.

Награда лична,казна заедничка.


Саше Јанчев