АктуелноБиблиотекаЛокално

[Видео] 20 години од битката за Радуша

На денешен ден 10 Август 2001 година при прогласено примирје се одви клучната битка за Радуша, Битката кај Радуша важи за најжестоката битка во целата војна 2001 година.

Битката за Радуша е исто позната како битка за изворот за вода Рашче, битка каде соодносот на силите бил повеќе од 1 на 10 и истата траела повеќе од 20 часа. Во дирекна копнена агресија и минофрлачки оган на КЗК од Косово и терористи на УЧК од реонот на селото Радуша биле нападнати Полициската станица и Караулата на АРМ во Радуша. Нападот доаѓал од три правци,од самото село,од планината Жеден и од територија на Косово, припадниците на АРМ и МВР биле во целосен обрач, а силите на КФОР не ја штителе граничната линија од другата страна и не спречиле копнена агресија.

Околу 24 војници на АРМ и 35 полициски службеници на МВР биеле битка повеќе од 20 часа, против бројчано надмоќен непријател од околу 700 припадници на УЧК и КЗК. Кои имале за цел разбивање на позициите на Македонските безбедносни сили во правец Радуша-Рашче, понатамошно пробивање кон Рашче, завземање на изворот за вода, предизвикување на хуманитарна криза во главниот град Скопје, можност за нови барања во рамковниот договор (кој се потпишал три дена подоцна), како и спојување на таа територија со Косово.

Македонските бранители успешно ги одбиле сите напади на терористите, не дозволиле отцепување на наша територија, но под пристисок на меѓународната заедница поради прогласено примирје пред потпишување на Рамковниот договор целосно не се разбиваат терористите во селото. Се извлекуваат загрозените единици од селото и се завземаат резервни позиции.

Припадниците на македонските безбедносни сили кои ја одбранија Радуша никогаш не беа одликувани од македонската држава.