Од сите седум споменици на листата, само поштата од Македонија е објект кој датира од современата повоена историја
Од сите седум споменици на листата, само поштата од Македонија е објект кој датира од современата повоена европска историја, правец модернизам т.е. Брутализам.
Во моменти кога од сите страни, а особено од Бугарија се атакува на македонската самобитност, историја и идентитет, да се предложи еден ваков нов објект со најблаго кажано, контрoверзни архитектонски вредности, е рамно на саботажа. Ваквата номинација ја потврдува идејата за тоа дека Македoнија е „само од 1945 година наваму“.
И да не се лажеме, номинацијата на оваа листа не ја прават градови, туку земјите. Тоа што поштата била симбол на возобнување на Скопје после земјотресот не е предмет на конкурсот т.е. листата. Токму затоа другите шест номинирaни културни добра од разни европски земји се од постари историски епохи, како на пример манастирот Дечани на Косово, кој со своите афирмативни културни вредности зборуваат за значењeто за земјата во развојот на културата и тоа во европски рамки.
Во овој контекст, централната Пошта во Скопје котира многу ниско и како културна вредност, но и со недостигот на потецијал за развој како културно добро, сведоштво на едно движење кое изгоре на буништето на светската историја.
Панче Велков – Фондација Македонида