Крмов: Кој ќе одговара доколку се зарази пратеник?
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов на својот профил реагираше за неодговорната и нехумана постапка од страна на двајцата ковид позитивни колеги, кои беа присутни на собраниската седница.
-Која „храброст“ е потребна за болен човек да влезе меѓу здрави луѓе и да ги стави на ризик? НИКАКВА! Тоа е НЕОДГОВОРНОСТ И ЛУДОСТ, а во случајов и КРИМИНАЛ!
-Храброст е потребна кога ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ РАБОТАТ СО БОЛНИ ЗА ДА ИМ ПОМОГНАТ И СО ТОА САМИТЕ СЕ НА РИЗИК!
-Колешката Бисера и колегата не беа изложени на никаков ризик туку обратно, сите службеници и пратеници во Собранието беа од нив!
-Скафандерот служи само за да го заштити лицето кое го носи од контаминирана околина, а не обратно.
-Скафандери МОРАШЕ да носат собраниските службеници кои ја пречекаа, а тие беа само со хируршки маски!
-Собраниските службеници ниту се здравствени лица специјално обучени за ракување со болни од заразни болести, ниту носеа соодветна заштитна опрема. Каков протокол е тоа?
-Колешката сама го облекувала скафандерот што значи го има контаминирано. Каде е тука заштитата?
-И на крај, дојде на работа со возило на Брза помош кое сама го платила, небаре е такси.
-Кој ќе одговара ако некој од службениците или пратениците се зарази или не дај Боже почине од вашиот циркус? КОЈ!?
#КоронаСобрание
#БиолошкиТероризам
-Која „храброст“ е потребна за болен човек да влезе меѓу здрави луѓе и да ги стави на ризик? НИКАКВА! Тоа е…
Posted by Борислав Крмов on Monday, April 19, 2021