За Мијалков уште два дена нема меѓународна потерница
Поради тоа што судот донесол одлука за мерка куќен притвор, наместо ефективен притвор, уште два дена ќе се чека за интернационална потерница. Обвинителството по информациите дека се подготвува обвинетиот за бегство веднаш до судот побарале мерка притвор, но на судиите им се видело преостра таа мерка. Одлуката за куќен притвор ја донеле судиите од организиран криминал во Кривичниот суд: Огнен Ставрев, Илија Трпков и Васка Николовска-Масевска.
Дека се работи за очигледен договор на власта со поранешниот функционер од ВМРО-ДПМНЕ, говори и фактот дека иако Обвинителството побарало притвор во 15 часот, МВР го добило решението дури во 18:30 часот. Полицијата имала индиции за бегство уште во саботата вечерта. Се’ уште нема најави за оставки од Владата.