АктуелноЛокално

Сагата во НУ Културен центар „Антон Панов“ продолжува

Сагата со новоизбраниот директор на НУ Културен центар „Антон Панов“ – Васил Бубев во Струмица, продолжува. Вчера  одборот на иницијативата „Фискултура или култура“, донесе и едногласна одлука, да го ПРЕКИНЕ „ДИЈАЛОГОТ” со Министерството за култура и ресорната министерка, Ирена Стефоска. По позитивното решение на нивното барање за увид во комплетната документација на избраниот кандидат, согласно Законот за слободен пристап до информаци од јавен карактер, Иницијативниот одбор, реши да ги објави документите на избраниот кандидат согласно истиот Закон, воедно и да ги објави документите со кои, ФОРМАЛНО-ПРАВНО кандидатот ги исполнил наведените критериуми од конкурсот.

Во објавата на Инизијативниот одбор стои следново:

На ден 15.12.2020 избраниот кандидат во својата пријава наведува дека ги приложува следните документи: (ДОКАЗ бр.1), во кој јасно се гледа дека не поседува доказ дека е познат во јавноста како јавен, општествен и културен работник. Комисијата за селекција на кандидати во Министерството, составена од Ивана Ристиќ-Петровски, Ана Кардула, Љумтурије Зајази, одлучува дека само избраниот кандидат ги поседува „СИТЕ” потребни документи и ги отфрла пријавите на другите две кандидатки со образложение дека доставиле нецелосна документација. На 29.12.2020 година истата комисисја испраќа допис до избраниот кандидат со барање да достави дополнителна документација со која ќе се прецизира, во рок од три дена, дали кандидатот го исполнува посебниот услов утврден со статутот на НУЦК „Антон Панов” Струмица и во дел 2 алинеја 3 од Јавниот оглас за избор на директор (ДОКАЗ бр.2). Иницијативата „Култура или фискултура?“ констатира дека комисијата ги прекршила условите на конкурсот, со што се врши фаворизација на избраниот кандидат и дискриминација на останатите два кандидати. Избраниот кандидат на ден 11.1.2021 година поднесува дополнителни докази (ДОКАЗ бр.3) дека го исполнува посебниот услов од конкурсот. Неминовно се поставува прашањето: Што ја натерало комисијата за селекција на кандидати да ги прекрши условите на конкурсот и само од веќе избраниот кандидат да побара дополнителни докази и истиот да го повика на интервју за потоа да го назначи и за генерален директор!?

Инаку струмичките актери јавно се спротиставија на изборот на директорот  на оваа институција, сметајќи дека кадарот е несоодветен (бидејќи се работи за наставник по физичкa култура) и нема искуство во работата со културните установи. Тие дури покренаа иницијатива „Фискултура или култура“ и петиција која ја потпишаа над 300 уметници и културни работници од институционалната и независната културна сцена, а со која бараат од Министерството за култура, да ја преиспита својата одлука, додека министерката Ирена Стефоска тврдеше дека легалниот момент е испочитуван од почеток до крај. Иако Стефоска ветуваше средба и преиспитување на одлуката, тоа не се случи, туку напротив продолжија со притисоци, игнорирање на барањата на иницијативата и поддршка на нивниот партиски кадар.