АктуелноЛокално

Ќе пишува за овие деца во ревидираните учебници на Царовска?

Деновиве повторно тема се образовните реформи, овој пат за најавената ревизија во учебниците. Односно, поради навреди на албанската заедница, учебникот по географија за втора година (реформирана гимназија) ќе претрпи измени – ова го договорија првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за образование Мила Царовска и поранешниот министер Арбер Адеми – познат во јавноста по скандалот со незаконското унапредување на Тетовскиот универзитет. На оваа одлука претходеше јавно палење на учебници од страна на младите од Алијанса за Албанците.

Дополнително, и премиерот Заев излезе со нејасна изјава дека „секаде каде што има содржини кои навредуваат, повредуваат или не се соодветни, ќе бидат отстранети” – без да биде појаснето по кои критериуми и кој тим на експерти ќе ја оценува соодветноста на содржината. После контроверзната и брзо протната Концепција на Царовска и најавите на премиерот за реформи во образованието, за како што тврдат, негово подобрување – можеби Владата треба да одговори дали во напливот на реформи ќе биде вметнат и прогонот и тортурата на македонското население од Егејска Македонија од страна на монархо-фашистите поддржани од САД и Британија?