АктуелноЛокално

Борислав Крмов: Ова се вистинските газди во државава

Ова се вистинските газди во државава. За нив не важат никакви правила, не важат закони, тие може да прават што сакаат. 100 милиони евра до сега потрошени за „спроведување на Рамковниот Договор“. Имаат приватно министерство со 1410 вработени а на работа одат само 44. Скоро 10 милиони евра годишно буџет.

Меѓуетничката омраза е нивниот политички капитал. Тие ја шират за потоа „да ја решаваат“. Секоја подадена рака меѓу Македонците и Албанците тие ја сечат. Тие живеат во бели палати додека обичниот Албанец се дави во калта.

Ова не е никаква „борба за човекови права“, ова е борба за МОЌ, ПАРИ и ДОМИНАЦИЈА! Една партија со рејтинг од 6%, 20 години ја гази државава на врат. Еднаш ја изградивме државава заедно со нашите сограѓани Албанци и ќе ја изградиме повторно. Ама на наши темели не на нивните. 

Фејсбук статус на Борислав Крмов пратеник и член на Президиумот на Левица.