Актуелно

Министерството за образование нема пари за компјутери за деца, а троши годишно по 650,000 евра на преводи?

Министерството за образование и наука изминатите години, во континуитет трошело огромна сума на пари на ставка насловена “Проект за превод на книги”, која што буџетот го оштетила за 40,000,000 денари, односно над 650,924 евра за 2019 година. Во ситуација кога голем дел од населениeто се бори за преживување, ваквите трошоци  немаат оправдување, освен можеби криминална тендерска логика без никаква општествена корист.

Ако земеме во предвид дека еден таблет чини 50 евра, со оваа сума од 650,924 евра би можеле да се финансираат 13,018 таблети за дечиња. 

Потсетуваме дека над 40,000 деца во основно образование се без компјутер и интернет и не се во можност да се вклучат во образовниот процес на интернет. Последните измените на Законите за основно и средно образование не предвидоа никакви фискални трошоци со цел да се покријат ваквите потреби, покажувајќи целосно занемарување и негрижа за сиромашното население од страна на Министерството за образование и наука, односно Владата. Токму ваквите политики ја покажуваат тенденцијата на Владата класно да го сегрегира населението. 

Од друга страна пак, целокупниот буџет за научноистражувачка работа, кој изнесува 92.300.000 денари или 1,503,302 евра, вклучува финансирање стипендии за недефицитарен кадат за постдипломски студии на еден од стоте најпрестижни и најскапи универзитети по Шангајската листа. Оваа ставка произлегува од истата логика како и  државните стипендии за студии во странство на децата на Димитров и Локвенец, кои го цедат буџетот на Министерството за образование и наука за дополнителни стотици илјади евра годишно. Државните стипендии сами по себе не се лоша пракса, меѓутоа искуството покажува дека нивната досегашна употреба служи само за државно субвенционирање на класната раслоеност, односно стипендиите се користат за неразмерно наградување на децата на функционерите и блиските до власта, а на штета на големото мнозинство на деца и студенти во државата.

Дополнитетен сомнеж фрла фактот што деталниот буџет на Министерството за образование и наука не е достапен на веб страна. Последниот буџет кој што е достапен е оној од 2018 година. За 2019 и 2020 не постојат јавно објавени и достапни информации за тоа како се трошат парите од буџетот на МОН.