Протести предводени од комунистите во Русија против законот за продолжување на старосна граница за пензија
Илјадници работници присуствуваа на Московскиот протест одржан на 22 септември против новиот закон за продолжување на старосната граница за пензија.
Новиот закон има за цел продолжување на старосната граница за пензија за 5 години; односно од 60 на 65 години за мажи и од 55 на 60 години за жени.
Протестот беше организиран од руската Комунистичка Партија и останати левичарски групи. Излезноста според организаторите изнесува дваесет илјади, додека полицијата тврди дека таа бројка е 7 пати помала, односно околу три илјади луѓе.
Една од многуте причини против овој закон е изгласена токму од постарите жители: страв поради неможност за достигнување на таа граница или недоволно време да уживаат во нивните пензионерски денови наменети за одмор. Помладите протестирачи од друга страна имаат различна, но сепак слична причина: ако луѓе се држат подолго време како работна сила, со тоа им се намалуваат шансите за наоѓање работа на младите.
Покрај главниот град, протести против истиот закон беа одржани и во други градови низ многуте временски зони во Русија, повеќето од нив санкционирани од страна на властите. Моментално повеќе од илјада луѓе се во притвор низ Русија.
Многумина од протестирачите побараа оставка од рускиот претседател Владимир Путин, како и од рускиот премиер Димитриј Медведев.
Одговорот на Путин гласеше дека овие измени се потребни поради намалувањето на работоспособната популација и дека реформите биле одложени со години, зголемувајќи го ризикот од инфлација и сиромаштија.
Извори: