АктуелноЛокално

Герилска акција во Куманово

Партизанскиот дух не може да умре, промената е нова надеж!

Вчера, во Куманово, во чест на 11 Октомври, денот кога започна борбата за националното, но и економско ослободување на народот во Македонија, беше организирана герилската акција: црвено платно со должина од 10 метри и натпис „ПРОМЕНА 16“ беше пуштено преку запуштената зграда на Хотел Кристал. Герилската акција имаше две пораки:

Првата – да се укаже на тоа дека, во Македонија, единствен современ идеолошки следбеник на таа револуција е партијата Левица, која целосно ја прифаќа дводимензионалноста на револуцијата – борбата за национално ослободување, но и борбата за социјализам.

Втората порака е – да се покаже колку „пазарната економија“ е ефикасна во управувањето на стопанските капацитети на локално ниво. Имено, во изминатите 30 години, новото економско уредување не само што доведе до крах на сите поголеми економски капацитети, туку истите ги остави на забот на времето и ги претвори во извори на зарази и болести. Зградата во која беше спроведена герилската акција е класичен пример за ова, тоа е зградата на поранешниот Хотел Кристал, која, откако престана да функционира како хотел, се претвори во руина и тажен споменик на минатото. Изборната програма на Левица се зафаќа токму со тоа прашање – решавање на статусот на овие пропаднати компании и нивно реактивирање кон вршење општокорисна функција.


Види повеќе:
Советничка листа на Левица за Куманово
Програма на Левица за Куманово