Националистот е примитивна и незрела личност

Следниов текст е превод и ставовите изразени во него не нужно се совпаѓаат со ставовите на редакцијата.


Патриотизмот, освен тоа што „звучи убаво“ на прв поглед, сепак е доста егоцентрична појава. Зошто? Затоа што самиот негов концепт е базиран на непочитување на човекот како човек и исто  како и национализмот, се темели на биолошка (да не кажеме зоолошка) основа.

Националистот и национализмот(како што гледаме и патриотизмот) остануваат и заостануваат во предворјето или прагот на историското и човечкото, бидејќи во себе не содржат никакви хумани вредности, туку напротив – тие се антипод на човечкото.

Затоа уште еднаш ќе нагласам: Национализмот е примитивна, заостаната, незрела, човечки необликувана, неоплеменета, недоизградена егзистенција со шуплива психа.

Ако духот е нешто општо и заедничко, тогаш национализмот е всушност антидух, бидејќи ја издига својата национална посебност на ниво на принцип. А тоа, според класичната германска филозофија – која патем била во потрага по суштината на злото, е зло, кое е последица на истакнувањето на својата посебност како начело за останатите (она јас, па јас.. и само јас, другите не знаат и не разбираат!). Затоа национализмот е зло, кое наместо да спојува, ги разделува луѓето, бидејќи го негира нивното човеково битие.

А тука лежи стравот на таа нечовечност, која е недозреана, па самата себе си ја негуваа тој пеколна искинета внатрешност и свест, која не може да дојде до својата самосвест како слобода, во себе самата. Затоа што слободата започнува во сопствената обликувана внатрешност, за да би можела да се потврди и во објективните животи на другите како зрел плодо на работата на самите себе си. Без тоа и понатаму ќе расте кафез во и околу нас! Слободата останува пред вратите на нерефлектираната воља. Таа тука е наречена национализам.

Но и покрај тоа, ѓаволот се уште не ми дава мир, па еднаш едно свое интервју го нареков „Да бидеш само Хрват, значи да не бидеш човек“. А тоа секако се однесува и за Германец, Французин, Турчин… Затоа што човекот е род, а сите Хрвати, Срби, Англичани, Германци… биле и ќе останат на ниво – вид: genus proximum и differentia specifica. Штета само што сите националисти од било кој „вид“ не знаат логика и на тие околу нив гледаат како на некој стран.

Сепак, добро е да се потсетиме на еден историски важен факт. Уште најголемиот филозоф на Стариот век, Аристотел (воедно и основоположник на логиката), пред 2300 години укажува за таа дистинкција. А таа дистинкција повторно логички се појавува во неговата Никомахова етика, во која уште во самиот почеток се поставува прашањето, на кое секој „националистички ум“ нема доволно мозок, ниту пак капацитет да размисли и да го одговори. Станува збор за прашањето за човекот.

Зборувајќи за тоа како е само по себе разбирливо целта на работењето на еден чевлар е да направи добри чевли, на бродоградителите да направат добар брод, на ѕидарите добра куќа, на гитаристот добро да свири гитара, забораваме да поставиме едно многу важно прашање: А што е со човекот?! Имено, некој може да е добар чевлар, ѕидар, гитарист, а притоа да не го поставиме прашањето: дали е добар и како човек со тоа што е добар во „својата струка“? Аристотел тука сака да каже дека човекот како таков има „своја цел“, а тоа е да биде добар човек, покрај сите останати добри атрибути, кои сепак не мораат да го класифицираат како добар човек. Или доволно е да се каже само како човек.

Ако сега оваа „добра стручност“ како посебна одреденост во смисла на одредување differentia specifica ја пренесеме на она одредување кое денес (и за жал, не само денес) секојдневно се извикува како највисок квалитет во поимот „добар Хрват“,  а со тоа се уште да не стигнеме до оној genus proximum во ликот на човекот, тогаш веќе и со Аристотеловото прашање мораме да се запрашаме, дали е доволно да се биде само „добар Хрват“, за да некој со самото да би бил и „добар човек“ (или само човек)? Можната неусогласеност, па дури и спротивставеност и противречност помеѓу јасно аристотеловски искажаните разлики меѓу вид и род (Хрват и човек) веднаш станува очигледна.

Тогаш, што би значело во тој контекст да бидеш „добар Хрват“? Во секој случај истото како и „добар чевлар“! Меѓутоа, сепак тука постојат 2 разлики: 1. поимот „добар чевлар“, може точно да се одреди, бидејќи е точно дефинирана содржината и смислата, односно изработување на добри чевли, и 2. Поимот „добар чевлар“  воопшто не ги брише „добриот лекар“, „добриот ѕидар“, „добриот гитарист“, итн, итн.. Напротив, доколку чевларот прави добри чевли на лекарот, ѕидарот и гитаристот, тие него ќе го лечат добро, ќе му изградат убава куќа, ќе му свират убава музика и на тој начин сите заедно ќе бидат во потполно и најдобро согласување меѓу себе.

Поимот „добар Хрват“, за разлика од поимот „добар чевлар“, целосно е неодреден, бидејќи не се знае што тоа всушност би требало да значи. Можеме само да се сомневаме на неговата содржина и смисла. На пример, еднo значење на одредувањето: „добар Хрват“ може да е да се прави добро за себе, потоа за другите Хрвати и потоа за Хрватска како целина. Ништо друго не лежи во тој поим за „добар Хрват“! Друго значење пак може да е бришењето на сите други одредби, како што се „добар Србин“, „добар Унгарец“, „добар Словенец“, „добар Италијанец“ итн. Дури и во своето апсолутно неутрално одредување, тој „добар Хрват“ по својата дефиниција не треба и не мора да прави ништо добро за кои било од горе наведените, па во поимот „добар Хрват“ може да биде имплицирано дури и он да прави зло на сите останати, а сепак до остане – „добар Хрват“ (ако не, во тој случај и најдобар?). Така можеме да дојдеме до логички заклучок како е подобро да бидеш „добар чевлар, лекар, ѕидар…“, отколку „добар Хрват“! А тоа е поразително! Поразително за Хрватите. Затоа , судејќи по се, не би требало многу да се фалиме со своето „добро Хрватство“, туку би требало да се потрудиме да станеме добри луѓе, ако воопшто можеме.

Меѓутоа, националистите и популистите, таа толку очигледна разлика едноставно не сакаат да ја признаат, бидејќи не можат. Бидејќи се уште се родовски-племенски ментално конституирани! И тука лежи историскиот извор (или предисториски?) на сите наши несреќи.

Имено национализмот, по својата суштинска намера и по својата срж (а кон овие последици најмногу доведе наци-фашизмот од минатиот век) е движење, на кое највисока вредност и врховна цел – не е човекот поединец, туку спротивното, односно (националниот) колективитет.

Кога националистите би резонирале рационално (нешто кое тие како такви не се способни да го прават), тогаш би морале да ја увидат таа суштинска разлика, но кога би биле рационални, би престанале да бидат националисти (а тоа е т.н. circilus vitiosus), и тука кругот се затвара. Национализмот исклучиво лежи на сентиментот, благо кажано, а тој сентимент произлегува од генетското наследство и дополнителното одгледување во семејството и средината, и така длабоко во потсвеста е сочувано јадрото на тој атавистички синдром.

Грубо, но искрено речено, таквиот тип на поединец се бори во самиот себе против самото јадро на човечкото, па одејќи по линија на помал отпор истрајува на својата чиста природа. Линијата на помал отпор во овој случај се состои баш од тоа, што да се биде човек не е нешто што е туку така дадено. Тоа едноставно на човекот не е дадено. Но секако, многу комотно е и не бара многу труд да се биде и остане тоа што веќе со! Чиста природа.

Кога од себе не можеш – условно кажано – да направиш човек (тоа се вика и: да работиш на самиот себе за да би станел тоа и тоа, со своето сопстевно дело, труд, пот, како што пишува дури и во Библијата – творештво – за да така станеш конкретно општествено и пред се индивидуално човечко битие, само свое, и преку таа работа на разизграни и манифестирани способности и таленти, кои те прават посебен), тогаш ти преостанува само да се повикаш на единствената можност, општа во смисла на генералност, за разлика од универзалноста (за која Хегел рекол да бидеш човек по себе, т.е. по својот поим, бидејќи не си животно, но и се уште не си човек за себе, бидејќи тoa се уште не си го достигнал со својата специфична човечка дејност), т.е. на хрватството. Како не би „паднал од мака во својата необликувана осаменост“ ти се поклонуваш токму така: се поклонуваш или се потпираш (да не паднеш во ништожност) на другите слични на себе, кои се исто така останале на тоа човечки празно ништо или чисто (родско-племенска) – природност. Па тогаш си „барем нешто“ – Хрват, па со тоа можеш дури и да се „гордееш“, бидејќи ништо друго не ти преостанува. Значи, кога си немал во себе доволно сила да станеш човек (што е макотрпен процес кој трае цел живот!), да стигнеш до самата единствена и вистинска човечка задача, тогаш си и остануваш апсолутно ништо. Имено, таа задача секогаш се поставува од почеток пред тебе на патот кон обликувана и оплеменета човечка индивидуа, и всушност тоа сочинува една вистинска човечка радост, за да потоа можеш слободно да се погледнеш во огледало, а да не се срамиш од себе самиот.

Значи можеме да кажеме: Националистот е незрел човек (и Кант така го нарекол со право, иако не мислел на оваков тип на човек, „самонаметната незрелост“).

А тој националистички, усташки нихилизам, обновен после половина век, со својата идеолошка индоктринација во хрватскиот народ го измати и она мало сеќавање и едвај разбудената граѓанска свест, така што Хрватите во најголем дел останаа збунети од една политика, која не ни била тоа, од единствена причина што националноста или националната припадност не може да биде политички програм или политичка основа на општествениот живот, освен во нацизмот и фашизмот, каде што на дело е менажерија, а не политика!

Извор: Кључне Кости