Настани

Промоција на „Рута Таненбаум“ и разговор со М. Јерговиќ

Текстот е превземен од FB настанот.


Со посебен мерак ве покануваме на промоцијата на романот „Рута Таненбаум“ од Миљенко Јерговиќ, еден од најважните балкански бардови!

На 30 мај ќе имаме прилика да се подружиме со Јерговиќ во нему најсоодветниот урбан контекст: чаршијата. Од 17:00 до 18:30 ч. во Menada разговорот со авторот ќе го водат две личности што добро го познаваат (и уште подобро го пренесуваат) неговото писмо: Ѓоко Здравески и Илина Јакимовска.

Присуството е, се разбира, задолжително!


Веста за Рута Таненбаум, миленичката на предвоената загрепска театарска сцена, допира дури до Хитлер. Сепак, по создавањето на Независната Држава Хрватска во 1941 година, Рута еден ден се буди како обична еврејка и нејзиниот живот драстично се менува… Фабулираната биографија на хрватската Ширли Темпл истовремено е студија за загрепското малограѓанство. Јерговиќ ги става под лупа душите на обичните луѓе, кои одеднаш стануваат крвожедни усташи, а тогаш на местото од добронамерната иронија и хуморот доаѓа автентичниот гнев. Преку фантазијата на читателот минува колоритен воз од приказни полни со фантастика. Дури и суровата смрт малку се крие во таа фантастика. И од секоја приказна заплашува човечката свирепост, бидејќи во човекот има добрина „колку што има шафран во на сиромавиот кашата“. Ниедна од овие приказни нема добар завршеток. Злокобната басна го навестува крајот на светот, кој ќе започне од улицата Гундулиќева.

Миљенко Јерговиќ (род. 1966) е еден од најистакнатите хрватски писатели. Неговите дела, прозни и потески, се преведувани на голем број јазици. Јреговиќ е роден и израснал во Сараево, каде што завршил филозофија и социологија на Филоофскиот факултет при Сараевскиот универзитет. Дебитирал во 1988 г. со збирката поезија „Опсерваторија Варшава“. Автор е на многу прозни, поетски и драмски дела, како и на многу есеи и новинарски написи. За романот „Рута Таненбаум“ (2006) е одликуван со наградата „Меша Селимовиќ“ (2007) за најдобар роман на територијата на Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Црна Гора.