По падот на поддршката за ЕУ – Маричиќ обучува новинари за борба со анти-ЕУ пропаганда

Date:

Нивото на доверба на македонските граѓани во Европската Унија е на рекордно ниско ниво, покажува бројни анализи на на јавното мислење последниве неколку години. Вчера вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја отвори обуката за новинари, на која како што вели, новинари ќе бидат обучувани за борба со дезинформации и силна анти-ЕУ пропаганда.

Вчера вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја отвори обуката за новинари, во рамки на проектот наменет за подготовка за сеопфатно и информирано покривање на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, на која истакна дека медиумите имаат моќ и потенцијал добро да ги подготват граѓаните за промените кои доаѓаат и во текот на преговорите, но и со самото членство во Унијата.

Европската интеграција во моментов е најголемиот македонски проект, кој треба да биде успешна приказна. Затоа неопходно е екипирање на општеството околу оваа државничка задача, препознавање на важноста и тежината фазата во која влегуваме од евроинтеграциите и најважната работа, приближување на процесот на преговори до јавноста, рече пред новинарите Маричиќ.

Главниот преговарач со ЕУ рече дека процесот ќе биде полесен ако заеднички се бориме против лажните вести поврзани со пристапните преговори со ЕУ.

„Во време на дезинформации и на силна анти-ЕУ пропаганда, вистински предизвик е да им обезбедиме на граѓаните точни и квалитетни информации, за да можат да носат одлуки базирани врз точни информации“, рече Маричиќ пред новинарите.

Тој дополнително потенцираше дека Владата ги смета медиумите за партнер во процесот на преговори и дека со оглед на важноста на европската перспектива на земјата, за целото македонско општество, нивната соработка ќе стане уште поблиска.

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Мизар – Звукот на историјата ќе продолжи да резонира во 2025

Интервју со Пеце Китаноски, басист на легендарниот македонски рок...

Ацо Шопов – Еден век поетска величина

Денес се одбележуваат 101 година од раѓањето на Ацо...

Левица: Со 58 пратеника ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ и го повлече Законот за интонирање на химната

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на македонската химна...