Обезбедувањето на Оливер Спасовски ја блокира цела улица, додека министерот е на ручек!!!

Date:

Фоскулите „сите сме еднакви пред уставот и законите“ и „се’ е во согласност со уставот и законите“ се најчесто користените од нашите државни функционери, особено кога се обидуваат да ја докажат нивната еднаквост со граѓаните или укажат на правилноста и законитоста во нивното работење. Но, како е тргната работата, се’ чини дека функционерите се повеќе еднакви од обичните граѓани.

Денес, особено популарна е фотографијата на која се гледа како возилото од обезбедувањето на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, непрописно е паркирано пред кафеана, блокирајќи ја цела улица, додека министерот е на ручек.

Засега нема информација дека возилото е санкционирано или дека возачот е казнет за незаконското паркирање. Министерот кој води кампања за безбедност во сообраќајот, овој пат одлучи да им послужи на граѓаните за лош пример и покаже како не треба да се однесуваат. МВР пак, со чинот на непостапување за прекршокот, презентираше како една државна институција ги негува своите функционери. Клучно е дека: ниту сите сме еднакви пред уставот и законите, ниту пак се постапува во согласност со уставот и законите.

Македонскиот полициски синдикат, кој пред неколку дена креваше врева за неправилното постапување на нивен службеник, напаѓајки го пратеникот Димитар Апасиев, неосновано и без правна аргументација, денес молчи. Изгледа, министерот (иако нема имунитет) е малку поеднаков од останатите.

Прекршокот е евидентен, останува да видиме дали во овој случај МВР ќе постапи „согласно уставот и законите“? Постои ли доблест кај Оливер Спасовски јавно да си ја признае грешката и да се извини пред граѓаните? И, дали маргинализираниот, партиски, полициски синдикат ќе реагира и побара одговорност заради прекршокот на министерот?

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Мизар – Звукот на историјата ќе продолжи да резонира во 2025

Интервју со Пеце Китаноски, басист на легендарниот македонски рок...

Ацо Шопов – Еден век поетска величина

Денес се одбележуваат 101 година од раѓањето на Ацо...

Левица: Со 58 пратеника ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ и го повлече Законот за интонирање на химната

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на македонската химна...