Одржан работен состанок на Левица-Штип со членови на Данската организација ,,DEO”

Date:

  • Соопштение на Левица-Штип

Над 60 члена на организацијата DEO – Demokrati i Europa од Данска остварија работен состанок во Штип со модераторот и советник од Левица, Ангеле Михајловски.

На состанокот се разговараше за социјалната политика на Левица, за борбата за воведување прогресивно оданочување, за состојбите со здравството, образованието, енергетиката и земјоделието во државата.

Од страна на советникот Михајловски беше истакнато дека преку движењето за социјална правда Ленка, Левица денес прераснува во најголема опозициска партија во Македонија.

Во контекст на тоа, Михајловски потенцираше дека според последните анкети, процентуално од мај 2024 до септември 2024 година, рејтингот на Левица е пораснат за 5 проценти, односно дека сега Левица има рејтинг од скоро 11% – факт што од страна на членовите на ,,DEO” беше поздравен со воодушевување, поддршка и овации.

Состанокот се реализираше во рамки на студиска посета на балкански земји, а на иницијатива на членовите на оваа данска организација бидејќи голем дел од нив, ги застапуваат левичарските ставови и принципи.

Членовите на DEO ја избраа Левица како политичка партија за одржување на ваков работен состаник, затоа што според нив, ставовите и позицијата на Левица им се доста битни во однос на сфаќањето на реалната ситуација во Македонија и регионот.

Во делегацијата имаше претставници и членови на данската левичарската партија Enhedslisten.

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Мизар – Звукот на историјата ќе продолжи да резонира во 2025

Интервју со Пеце Китаноски, басист на легендарниот македонски рок...

Ацо Шопов – Еден век поетска величина

Денес се одбележуваат 101 година од раѓањето на Ацо...

Левица: Со 58 пратеника ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ и го повлече Законот за интонирање на химната

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на македонската химна...