Црвена Младина уште во август предупреди дека МОН го турка јавниот превоз кон колапс со тоа што упорно одбива да го исплати долгот од 8 милиони евра кон ЈСП Скопје. Денес, сведоци сме на катастрофална последица од нивната суетна политика – укинувањето на бесплатниот јавен превоз за студентите.
Оваа одлука е директен удар врз младите, кои и така се соочуваат со енормни финансиски потешкотии, и уште еден доказ дека оваа власт нема ниту визија, ниту волја да го поддржи образованието и иднината на младите генерации.
Бараме итно враќање на бесплатниот јавен превоз за студентите и подмирување на долгот од 8 милиони евра од страна на МОН кон ЈСП Скопје, исто така проширување на бесплатниот превоз на меѓуградските линии, за да се обезбеди еднаков пристап до образованието за сите студенти низ државата.
Ова е уште еден доказ дека оваа власт не ги гледа младите како приоритет, туку како жртви на својата неспособност. МОН, Владата и градот Скопје мора да сносат одговорност за оваа криза. Нема да дозволиме младите да бидат заложници на нивната суетност и неодговорност, се вели во соопштението на младинската организација на Левица.