Дел од порталите наметнуваат искривени нааративи за Левица
- Фејсбук статус на Јована Стефановска
Читам секакви глупости по порталиве, но многу од тие глупости се со цел перење мозок на оние кои не го употребуваат.
Глупост бр.1: Левица била националистичка партија.
А зошто? Дали затоа што единствена истапува отворено и борбено против албанскиот и бугарскиот иредендизам и национализам или затоа што ги негува македонските историски и културни вредности и за таа цел го оформи Левичарски институт „РАЦИН“?
Не познавам ниту еден мој пријател кој го оправдува овој национализам и иредентизам, а и ниту еден кој не сака да ги негува историските и културните вредности на својот народ. А верувам дека и сите кои го читате овој пост исто размислувате. Дали тоа ве прави националисти?
Глупост бр. 2: Левица била против Европа и европските вредности?
А зошто? Дали затоа што ги критикува и се бори против не европските барања во однос на Македонија, или затоа што се бори против криминалот и корупцијата кој го практикуваат многумина про Европски ориентирани? Колку од вас размислувате исто? Дали и вие сте против Европа?
Драги мои пријатели и непријатели. Да не постоеше Левица на политичката сцена и сите оние паметни и чесни луѓе кои ги запознав помеѓу нејзините членови и симпатизери, длабоко ќе се прашував дали е ова народот од кој влечам корени!