По три месеци упорни протести и активизам, граѓаните на Кичево успеаја да го поттикнат почетокот на решавање на осумгодишниот еколошки проблем со депонијата сместена во самиот центар на градот, информираат од Зелениот сектор на партијата Левица.
„Ова е победа на заедничката волја и гласот на народот. Благодарение на истрајниот притисок од граѓаните, институциите конечно се поместија“, стои во соопштението.
Од Левица упатија искрени честитки до сите кичевчани и активисти кои со својот ангажман, без разлика на политичка припадност, покажаа дека здравиот граѓански активизам може да донесе реални промени.
Партијата потсетува дека ова е доказ дека јавниот притисок, кога е масовен и одлучен, може да ги натера институциите да реагираат дури и по години на игнорирање.
„Сега е време и другите граѓани низ Македонија да се охрабрат, да излезат од комфорот и да го кренат својот глас. Секоја неправда и негрижа може да се надмине кога интересот е колективен“, порачуваат од Зелениот сектор на Левица.
Протестите за депонијата во Кичево започнаа пред три месеци, откако локалното население алармираше за сериозни здравствени и еколошки последици. Решението, иако сè уште не е финализирано, претставува значаен чекор напред.
Целото соопштение во продолжение: