Левица: Изет Меџити го штити криминалот – не животната средина

Партијата Левица остро го нападна министерот за животна средина, Изет Меџити, обвинувајќи го дека е директно одговорен за катастрофалната состојба со загадувањето и урбанистичкиот хаос во Македонија. Наместо да се справува со горливите еколошки проблеми, како што наведуваат од партијата, Меџити активно ги прикрива и ја злоупотребува функцијата за заштита на тесно партиски и клиентелистички интереси.

„Додека Македонија се гуши во загаден воздух, затруени реки и неконтролиран отпад, министерот молчи, селфи се со градежни лобисти и глуми етничка жртва кога ќе се посочи на неговата неспособност и криминални врски,“ стои во соопштението на Левица.

Од партијата посочуваат повеќе конкретни случаи на негрижа:

  • Скопје, Тетово, Битола и Кичево се меѓу најзагадените градови во Европа, без никакви мерки од надлежното министерство;
  • Крива Река е претворена во отровен канал со цијаниди, без одговорност;
  • Во Кичево, депонии и отпад се дел од секојдневието;
  • Охрид и Преспа се уништуваат од урбанистички криминал и запоставеност;
  • Проектот Бехтел и Енка, велат од Левица, продолжува да минира заштитени ендемски подрачја.

Особено ја потенцираат улогата на министерот во толерирањето и, како што тврдат, поддршката на урбаната мафија во Чаир, каде илјадници дивоградби никнуваат необезбедено и надвор од законот.

„Меџити го користи етничкиот чадор за да го скрие криминалот. Криминалот нема етничка припадност – тој ги труе сите граѓани подеднакво,“ порачуваат од Левица, додавајќи дека ваквиот однос кон функцијата ја деградира не само екологијата, туку и довербата во институциите.

„Дали Меџити планира да преземе нешто или ќе продолжи да се однесува како министер за стимулација на криминал и дивоградби?“ – завршуваат од Левица, повикувајќи на итна одговорност и ревизија на неговото работење.

Целото соопштение на партијата во продолжение: