Забрана на Јутјуб за „слушајте македонска музика“
- Фејсбук статус на Елена Андоновска
Почитувани пријатели и сите кои ме следите и поддржувате, во оваа прилика би сакала да ве известам дека после голем број опомени, примедби, забелешки кои ги добивав заради објави на песни со патриотска содржина, македонско знаме и слоганот кој го користам во секој пост: “Слушајте македонска музика” , беа отстранети сите видеа од мојот Youtube канал.
Заедно со видеата за жал се избришаа сите прегледаности, допаѓања и вашите позитивни коментари но најважно е никогаш да не се избрише македонската песна и историјата на македонскиот народ опеана во неа.
Ви ветувам враќање на голем број проекти кои ја отсликуваа мојата досегашна кариера. И ви го најавувам најновиот музички проект кој го подготвивме со мојот тим во чест на големиот христијански празник ВЕЛИГДЕН!
До тогаш следете ги објавите на мојата фан страна и претплатете се на на мојот Youtube канал!