Вучиќ: Moра да ги заштитиме нашите односи со Руската Федерација и НР Кина
„Веќе воведовме вонредна состојба, само што сè уште ја немаме прогласено“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, појаснувајќи дека секој ден се работи на решавање на прашањето, бидејќи доаѓа тешка зима, јави дописникот на МИА од Белград.
„Мораме да бидеме обединети, да го продолжиме нашиот европски пат, да ги заштитиме нашите односи со Руската Федерација и со Кина, и со сите други. Како што можете да видите, оваа политика го издржа најтешкото време. Колку долго може [да издржи] – ќе видиме, ова е прашање на интерес на нашата држава“, рече Вучиќ.
Надворешната политика на Србија предвидува приклучување кон Европската унија, додека одржува пријателски односи со Москва и Пекинг, како и развивање врски со Вашингтон.
Белград има намера да ја задржи воената неутралност и нема намера да се приклучи кон воениот пакт на НАТО што им ја бомбардираше државата и уби огромен број на невини цивили, нанесувајќи огромна материјална штета.
Принципот на воена неутралност на Србија значи дека државата нема намера да се приклучува ниту кон другите воено-политички блокови – пренесува руската агенција Тасс.