Клуб на читатели посветен на романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ денес во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје

Денес 27.09 со почеток од 18 часот во спомен-соба „Т’га за југ“ – Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје ќе се одржи клуб на читатели посветен на романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска.
Клубот на читатели за сите оние кои ја прочитале книгата, сакаат да ја читаат или сакаат да дискутираат за неа.
Клубот на читатели е симпатична неформална средба каде што се дискутираат впечатоците од книгата. Модератор на настанот ќе биде Рада Петреска, библиотекар од библиотека „Другарче“.
Книгата на месецот, Разговорот со авторот и Клубот на читатели се дел од кампањата на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори, која се одвива веќе трета сезона.