Плусинфо: Поминат е цензусот од 40%, бојкотот не успеа?
Македонија има претседател! Пред малку, остварен е цензусот од 40% излезност на претседателските избори, дознава Плусинфо од партиски извори, се вели во информацијата објавена на Плусинфо.мк.
Се очекува ДИК да објави излезност од 38% на претседателските избори до 17 часот.
Но, партиски извори тврдат дека цензусот е веќе остварен и дека се очекува до 19 часот излезноста да се приближи до 50%.
Тоа значи дека избирачите во Македонија ја совладаа заканата од ДУИ со бојкот на претседателските избори да се предизвика политичка криза во земјата.