АктуелноЛокално

Мустафаоглу: Подзамислете се дали ви е поважен личниот комфорт или правдата за жртвите

– Фејсбук статус на Дарја Мустафаоглу

Нека се засрамат и подзамислат оние на кои кафето, раатлакот или партиската книшка им се побитни од животот и правдата за нивни блиски.

На протестиве доаѓаат луѓе со инвалидски колички, со бастуни, со бебиња во раце. Роднини, деца, родители леат солзи, колективно ни се полнат солзи очите од тага, бес, лутина и неподносливост на овој систем. И колективно знаеме да ве опцуеме вас кои гледате сеир/хибернирате додека ние се бориме и за вас, за сите, за сегашноста и иднината.

Дајте знаци на живот и одвојте еден саат од вашето многу драгоцено време, зашто неуспехот на овој протест е општествен неуспех и одржување на неправдата која ако до сега не допрела, еден ден сигурно ќе продре и до вас.

П.С. фино да ве замолам однапред, ако не се појавите ич да не ми пишувате коментари од типот ‘браво’ поткрепено со некое оправдување за вашето не доаѓање, за да не извадам лутина на вас.