АктуелноЛокално

(Фото) Етничка математика за уставни измени, само 32 Македонци гласале ЗА

Интересна математика за уставните измени и гласањето за потреба од истите во поглед на етничката припадност на пратениците кои гласале.

Практично излегува дека само нешто повеќе од една третина од пратениците Македонци сакаат промена на уставот за влез на Бугарите во него.

Од вкупно 70 гласови ЗА дадени за точката за измена на Уставот, како Македонци се изјасниле 32 пратеници.

Другите 38 се пред се Албанци, но и Турци, Влав, Србин и други.

Оваа математика покажува дека ако има ,,Бадинтер” и за македонците како што има за албанците односно ако се потребни половина плус еден од гласовите на пратениците на македонците уставните промени никогаш не би поминале.

Сите 32 пратеници кои што гласале за промена на уставот во првата од трите фази се од СДСМ, ЛДП, ДОМ, НСДП и други мали партии кои според анкетите на следните избори треба да бидат среќни ако вкупно имаат 22 пратеници вкупно.