Осквернавени споменикот на Горан Стојменовиќ кој загина во Диво Насеље
Доцна попладнево е откриен вандалски чин врз бистата на полицаецот Горан Стојменовиќ кој загина во Диво Насеље. Бистата во спомен на паднатиот полицаец е во Инџиково од каде е Стојменовиќ.
Бистата со неговиот лик е исчкртана со спреј, а пречкртана е и плочката со неговото име и пораката „Хероите живеат вечно“.
Осквернавен е и комплексот во кој се наоѓа бистата и во кој има и 9-метарски крст, а оштетени се повеќе икони во овој парк посветен на загинатиот полицаец. Паркот се наоѓа во близина на месната заедница Питу Гули во Инџиково.
За инцидентот е известена и полицијата која изврши увид на местото каде се оддава почит на нивниот загинат колега, а најблиските бараат брзо расветлување на овој вандалски чин.
Вандализмот се случил на денешниот голем национален празник-Илинден.
Стојменовиќ (загина на 35-годишна возраст) беше еден од 8-мината припадници на специјалните единици на МВР кои загинаа во дводневниот судир (9-ти и 10-ти мајм 2015-та) со терористичката група во кумановско Диво Насеље.